Утрински Весник
Македонија

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“ 

Img 0822.jpeg

Александар Наунов, таткото на младата Надица која трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, сподели емотивен статус на „Фејсбук“, придружен со видео од нејзиното последно заминување од домот.

Во потресните редови, Наунов ја опишува најтешката сцена што секој родител би сакал никогаш да не ја доживее — моментот кога детето заминува, а не се враќа:

„Тоа беше обично затворање на врата…

Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.

Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.“

Со зборови исполнети со болка и љубов, тој потсетува дека времето може да помине, но болката никогаш не избледува:

„Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.“

Постот на Наунов предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, полни со поддршка и сочувство кон семејството кое го преживеа едно од најтрагичните случувања во поновата македонска историја.

ЛИНК до видеото

Можете да прочитате

СДСМ:Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

„Стоп за Усје“ повторно на блокада

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца