
Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, во изјава за 24 Инфо потврди дека контролорите на летање ќе го реализираат најавениот штрајк на 20 октомври, во периодот од 10 до 15 часот, при што нема да има полетувања и слетувања на Скопскиот и Охридскиот аеродром, а ќе биде намален капацитетот на сообраќајот кој ќе се опслужува за прелети за 50 проценти.

Во законот за воздухопловство и во колективиот договор на М-НАВ е точно пропишано какви се правилата за штрајк во контрола на летање и ние по тие правила и постапуваме. Сме ги запазиле и сите претходни чекори согласно Законот за работни односи, како што е постапка за најава и помируање, односно се што претходи на моментот на штрајк и стоиме на тоа дека сме комплетно исправни. Од друга страна директорите имаат своја законска обврска која треба да си ја завршат и да ги известат навремено сите авиокомпании и корисници на воздушниот простор за најавениот штрајк како не би се довеле истите во ситуација да бидат затекнати со планирани летови кои не можат да ги реализираат и поради тоа да трпат последици патниците кои патуваат во тој период. Само за потсетување, нашиот штрајк, уште на времето на претходната владеачка гарнитура беше под лупа на проверки од Државниот трудов инспекторат, кој постапуваше по налог на тогашниот Премиер на Република Македонија, а во насока да извршат притисок врз нас, но истата таа институција уште тогаш констатираше исправност во нашата постапка.
Воедно, никаде не станува збор за загрозување на безбедноста на патниците со реализирање на штрајк во контролата на летање и всушност директорите се тие кои се обидуваат да сеат страв и паника кај луѓето во обид да ја префрлат вината за нивната неспособност и незаинтересираност да го реализираат она на што се обврзале, на грбот на тие кои низ годините наназад застануваме во одбрана на професијата.
Како контролори на летање, во никој случај нема да дозволиме на било кој начин да биде доведена во прашање безбедноста на патниците, меѓутоа дефинитивно штрајкот ќе го изреализираме од причина што директорите не го исполнија она што го ветија и што се обврзаа дека ќе го направат до сега и наместо да се сконцентрираат на тоа да ги завршат сите тие обврски, да имаме и нови системи и нови вработени и онаа фамозна анализа која ја бараме, тие го губат своето време во обиди да ја спречат нашата намера за штрајк и се правдаат и бранат поради нивната неспособност, а поради и што сме дошле до оваа ситуација.
Ќе биде ли затворено небото?
Убаво најавивме! Нема да има полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром, од 10 до 15 часот на 20 октомври и дека ќе се работи само со еден сектор со максимален број на 30 авионите кои ќе не прелетуваат, односно намален капацитет за околу 50 посто од постоечката побарувачка и тоа ќе се повторува секој следен понеделник во исто време. Можевме да одиме и на варијанта да го затвориме целосно небото, меѓутоа ете одлчивме дека засега ќе одиме само со намален капацитет на 50 посто од бројот на прелети за тој ден.