Утрински Весник
Македонија

Таравари: Шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени

Picture 404 660x500 1.jpg

Има еден договор меѓу нас, „Вреди“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата. Остануваме на тоа, но временски не можам да кажам „пред да се формира владата“, туку дека ние сме најголемата гаранција за идната влада дека ќе продолжи по европскиот пат, онака како што сакаат повеќето граѓани на Македонија, изјави денеска за МИА претседателскиот кандидат на албанската опозиција, Арбен Таравари. Тој смета дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за земјава да ги почне преговорите со ЕУ. -Веќе кажав дека треба да има една динамика, временски период до Нова година, потребни се и процедури за изгласување на уставните измени, исто така ќе има парламентарни избори во Европскиот парламент, ќе има и претседателски избори во САД, се очекува дали ќе остане истата или ќе има друга владејачка гарнитура. Мислам дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за да ги почнеме преговорите со ЕУ, истакна Таравари пред почетокот на средбата во Стопанската комора на северозапдна Македонија (СКСЗМ). Неговиот противкандидат за претседателските избори, Бујар Османи, во петокот рече дека уставни измени треба да има веднаш по изборите, пред формирање на владата. Како што напомена Османи, билатерален договор за тоа нема, туку повеќето партии кои се сега во различни блокови имаат потпишано документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од влада без јасен договор за уставни измени.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско