Утрински Весник
Македонија

Таравари сè уште има дилема дали би коалицирал со Мицкоски

1707992878 D182d0b0d180d0b0d0b2d0b0d180d0b8 D0bdd0b5d0bcd0b0 D182d0b0d0bad0bed0b2 D184d0b0d0bad182d0bed180 D0bad0bed198 D0bcd0bed0b6d0b5 D0b4d0b0 63cd8c171e9c3.jpeg

Во интервју за ТВ 21 Арбен Таравари вели дека тој лично сè уште имал дилеми за наредна влада која евентуално би била предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Нашите приоритети од 1 до 10 се јасни, тоа е европскиот пат, почнување преговори преку уставни измени, сè друго е после тоа“, вели Таравари.

Таравари, кој е кандидат за претседател на државата поддржан од опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“, во синоќешното интервју порача дека доколку не се случат уставни измени, тие нема да бидат дел од идната влада што би се формирала по изборите.

„Сега зборувам за Алијанса за Албанците, без разлика колку пратеници ќе имаме, ние нема да бидеме дел од влада која нема да ги направи уставните промени. Ќе бидеме дел од влада која во одреден временски период ќе се обврзе да ги спроведе уставните промени“,порача Таравари.

Тоа, се коси со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не отстапуваат од стојалиштето дека нема да поддржат уставни измени, а Таравари смета таквите ставови на Мицкоски биле конфузни и нејасни.

Инаку, крилото на Таравари во Алијанса за Албанците од викендов ја формализира одлуката на претстојните избори да настапи заедно со „Европскиот сојуз за промени“.

Можете да прочитате

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Силен ветер, со брзина од над 75 километри на час, го оштети покривот на средното електромашинско училиште во Штип

Силен ветер ја зафати и Битола: На неколку локации предизвикани штети