Утрински Весник
Македонија

Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците

Arben Taravari 1 Scaled 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во интервју за „Лајм ТВ“ и весникот „Лајм“, изјави дека Албанците и Македонците треба да започнат нов историски договор по изборите.

Овој договор, според Таравари, ќе воспостави нови односи, така што ниту едната страна нема да зависи од тоа кој ќе биде на власт, а кој во опозиција.


„Мислам дека на Албанците и Македонците, како и на 90 проценти од населението во Северна Македонија… им е потребен нов историски договор, во кој ќе воспостават односи што секогаш ќе бидат функционални и што нема да зависат од тоа кој е на власт, а кој е во опозиција“, рече Арбен Таравари, во интервју за весникот „Лајм“ и „Лајм ТВ“.

Можете да прочитате

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета

ДСЗИ: Колабирано белодробно крило и кардиореспираторна инсуфициенција причина за смртта на новороденчето од Арачиново

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори