Утрински Весник
Македонија

Таравари: Ниски се температурите за протести, добро е што ДУИ реши да се среќава со граѓаните

Img 349917.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата, Арбен Таравари ја прокоментира најавата на ДУИ за организирање состаноци на отворено, со граѓаните.

-Им препорачувам на ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив, им треба и адаптација во опозиција. Прво беа протести, но поради ниските температури одлучија да се сретнат со граѓаните. Убаво е, нека се сретнат, рече денеска Таравари.

-Не требаше да прават толку долга апститенција од четири месеци да не се видат со граѓаните, додаде Таравари.

Од ДУИ вчера соопштија дека ќе се одржуваат отворени седници на претседателството на партијата по партиските ограноци. За протести не било дискутирано иако и тоа е дел од агендата, информираше портпаролот Арбр Адеми по завршувањето на седницата на централното претседателство на ДУИ.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата