Утрински Весник
Македонија

Таравари: Не планираме да излеземе од Владата

Taravari 400765 416046 428325 428464 428906.jpg

Министерот за здравство и еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН која ја сочинуваат четири партии, Арбен Таравари ја повтори оценката дека коалицијата функционира недоволно синхронизирано, и оти очекува тоа да се поправи, но и дека не размислуваат да си заминат од Владата.

– Засега не, и не планираме да излеземе од Владата, рече Таравари на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство каде информираше за состојбата со лекувањето на пациентите повредени во пожарот во Кочани.


Тој посочи дека на вчерашното гостување во емисија на националниот сервис, кажал дека има едно незадоволство од функционирањето на ВЛЕН кое што се должи, вели, на несинхронизираноста меѓу партиите во Коалицијата која е дел од Владата.

Можете да прочитате

Алиу: Прекумерната тежина е сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети

Демократски Сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

 Лажен полицаец му зел 3.500 евра на граѓанин