Утрински Весник
Македонија

Таравари ги посети клиниките за урологија и за хематологија

20240823121313 Big 730x400 81.webp.webp

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Клиниката за урологија и се сретна со новоименуваниот директор Башким Шабани.

Таравари и Шабани, како што информира Министерството за здравство, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника.

Тоа, како што се наведува, ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период.

Министерот Таравари денеска ја посети и Клиниката за хематологија и со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на оваа клиника и дискутираа за, како што се посочува, идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.

Можете да прочитате

Земјотрес вечерва северозападно од Скопје, почувствуван во Тетово и околината

Мицкоски: Можно е нелегалното производство на канабис да достигне и до 100 тони 

Заев: Барам јавно извинување од Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ – во спротивно ќе поднесам тужба за клевета