Утрински Весник
Македонија

Таравари: Формирана е Комисија што ќе испитува случајот со починатото петгодишно дете

Detska Klinika.jpg

Министерството за здравство во вторникот формираше Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, кое на петти ноември почина на Детската клиника од воспаление на мозокот, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

„Утрово повторно се слушнав со директорот на Детската клиника. Комисијата е веќе формирана. Според сите резултати што се направени, сега зборувам како лекар, и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал, починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ каде доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж на енцефалит“рече тој.

Сепак, додаде дека за случајот не сака да дава изјави предвреме, пред да има официјален извешај од компетентни педијатри што се назначени од Клиниката за педеријатрија да направат увид во целата документација за тоа како е третирано детето.

Ова е трет смртен случај на Клиниката за детски болести во изминатиот месец. За 14-месечното бебе сè уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност. Двајца доктори специјалисти од Детската клиника времено се отстранети од работа од установата додека за нив се води дисциплинска постапка.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот