Утрински Весник
Македонија

Таравари: Ако се донесе неправедна одлука за Косово, може да бидеме дел од Трета светска војна

Arben Taravari 1 Scaled 1.jpg

Преку објавата на својот Фејсбук профил, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари ги анализираше настаните што се случуваат во светската политика по доаѓањето на власт на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и состојбите на Балканот, особено на Косово. Таравари објави дека дипломатијата исчезнува и дека претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД.

Во продолжение целиот статус на Таравари:


„Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени само актери… Исто како и ненадеен крај на бракот, се доживува распад на американско-европските односи, затоа што има дефект и тоа е неспорно! Сега, дипломатијата што исчезнува останува слаба надеж дека овој раскол нема да се претвори во раскинување. Се појавија секакви теории, шпекулации и претпоставки, но суштинското прашање останува: Што ќе се случи со светот?! Претседателот Трамп целосно ги менува ставовите и постапките на САД. Овие промени се еквивалентни на движењето на тектонските плочи, а бидејќи САД се една голема плоча, земјотресот ги стресува сите. Некои европски лидери ја доживуваат оваа динамика на начин што наликува на повик за помош од психолог.

Балканот секогаш има буре барут кое колку и да има предрасуди или судење од официјална Европа, доколку се запали, со себе ќе го понесе не само овој континент, туку и целиот свет. Овие нови спорови кои целосно ги нарушуваат старите баланси, до каде ќе одат, а како ќе се одразат особено на Косово?! Сите актери кои учествуваат на овој настан треба да знаат дека: ако се донесе неправедна одлука, дури и за дел од него, Косово ќе остане запишано во историјата како малата земја што го предизвика големиот конфликт и сите ние ќе бидеме дел од конфликтот кој би можел да се нарече и Трета светска војна“.

Можете да прочитате

„Бев нападнат од пациентите“, напишал докторот од Клиниката за урологија кој беше даден на дисциплинска поради што не прегледал пациент со карцином

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина

Мицкоски размислува за промена на државниот грб, но не и за промена на химната