Утрински Весник
Македонија

Таравари: 20 пациенти во критична состојба, сите повредени од Кочани и Штип пренесени во Скопје

20250317101625 Big 730x400 90.webp.webp

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека состојбата на повредените од трагедијата во Кочани е под контрола, но предупреди дека 20 пациенти се во покритична состојба и дека во следните денови се можни компликации.

„Одржавме состанок со кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, сите пациенти кои беа донесени низ болниците се стабилни. Сепак, се јавува нов проблем – пациенти кои вчера не се пријавиле, денеска се јавуваат. Апелирам сите кои биле во дискотеката да се јават за лекарски прегледи и помош,“ изјави Таравари.


Министерот потврди дека 51 пациент е хоспитализиран надвор од државата, а тешко повредените пациенти се испратени на лекување во странство:

  • Турција: 9 пациенти (3 во Истанбул, 6 во Анкара)
  • Бугарија: 14 пациенти (3 во Варна, 3 во Пловдив, 8 во Софија)
  • Грција: 5 пациенти во Солун
  • Србија: 17 пациенти
  • Унгарија: 2 пациенти
  • Литванија: 4 пациенти

Таравари нагласи дека се очекува и дополнителен транспорт на пациенти во болниците во Словенија (2), Хрватска (4), Австрија (6) и Србија (уште 12 во ВМА Белград).

Тој потврди дека се формирани специјални медицински тимови кои ќе комуницираат со повредените во странство, а истовремено ќе биде организирана психолошка поддршка за семејствата на жртвите. Министерството за здравство до 14 часот ќе објави контакт броеви за сите болници каде што се сместени повредените.

„Во Македонија нема доволно капацитети за третман на пациенти со изгореници, поради што дел од нив беа испратени во специјализирани центри во странство. Околу 15 лекари од Чешка, Израел и Србија веќе пристигнаа и ќе бидат распоредени по клиниките за да помогнат во лекувањето,“ изјави Таравари.

Во моментов, 49 лица се сместени на Клинички центар, 18 во болницата „8 Септември“, 17 во Стара Градска болница, додека во Штип се пријавени уште двајца нови пациенти.

Можете да прочитате

Митева: Владата презема конкретни мерки за грижа на сите повредени, Пониква станува рехабилитациски центар

30 дена притвор за Ристо Крмзов

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Пред нас се многу попријатни температури, Африканскиот бран попушта!