Утрински Весник
Свет

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

20250928152439 big 730x400 40.webp.webp

Талибанското Министерство за високо образование забрани 679 учебници и академски книги за авганистанските факултети.

Книгите се забранети со образложение дека содржат идеолошка, верска, политичка, културна и академска несоодветна содржина. Министерството за образование им препорача на факултетите да ги суспендираат забранетите книги и материјали.


Забранетите книги на различни теми, од тие за исламски прашања, право, економија, новинарство, литература и психологија, до оние за инженерство, медицина, земјоделство и екологија.

Книгите што се забранети се издадени од ирански, арапски, западни и авганистански издавачи. Забранети се и книги пишувани од жени, но сè уште се разгледува можноста да бидат забранети сите книги пишувани од жени.

Откако талибанците во 2021 година се вратија на власт во Авганистан девојчињата смеат да посетуваат само основно училиште.

Можете да прочитате

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б

Ја извадил главата од споменикот на Тито и ја ставил во автомобил