Утрински Весник
Свет

Талибанците го забранија шахот – 24info.mk

Screenshot 2025 05 12 102041.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Талибанските власти во Авганистан привремено го забранија играњето шах, наведувајќи загриженост дека играта би можела да биде форма на коцкање. Како што објавија службените лица, забраната останува на сила до понатамошно известување, односно додека не се утврди „дали шахот е во согласност со исламскиот закон“.

Шахот е најновиот во низата спортови што Талибанците одлучија да ги ограничат. За потсетување, во пракса, на жените речиси целосно им е забрането да спортуваат. Откако се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците постепено воведуваат закони и прописи што го одразуваат нивното строго толкување на шеријатскиот закон.


Во неделата, портпаролот на спортскиот директорат на Талибанците, Атал Машвани, изјави дека шахот се смета за „средство за коцкање“ според исламскиот закон.

„Постојат религиозни сомнежи кога станува збор за шах“, изјави тој за АФП. „Додека не се разјаснат, шахот во Авганистан останува суспендиран.“

Сопственик на кафуле во Кабул, кој организирал неформални шаховски турнири во последниве години, вели дека ќе ја почитува одлуката, но признава дека тоа ќе му наштети на бизнисот.

„Младите луѓе денес немаат многу начини да го поминуваат времето, па затоа доаѓаа тука секој ден“, рече Азизула Гулзада. „Тие пиеја чај и играа шах со пријателите.“ Тој додаде дека шахот нормално се игра во многу други муслимански земји.

Минатата година, Талибанците ги забранија и боречките вештини како што е ММА, тврдејќи дека се премногу насилни и некомпатибилни со исламските принципи. „Утврдено е дека овој спорт е проблематичен во контекст на шеријатот и содржи бројни елементи што се спротивставуваат на исламските учења“, изјави тогаш портпаролот на талибанската влада. ММА натпреварите всушност беа укинати во 2021 година, кога беше воведен закон со кој се забранува „удирање во лице“.

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион