Утрински Весник
Свет

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

20250921153919 big 730x400 89.webp.webp

Талибанците ја отфрлија можноста за враќање на американските сили во воената база Баграм во Авганистан, како што побара претседателот на САД Доналд Трамп.

– Каков било договор за враќање на поранешната американска воздухопловна база во Баграм е невозможен. Некои луѓе рекоа дека започнале преговори со Авганистан за враќање на воздухопловната база Баграм. Но, договор дури и за еден квадратен сантиметар авганистанска почва е невозможен, одговори Фасихудин Фитрат од Министерството за одбрана, по вчерашната закана на Трамп дека Авганистан ќе се соочи со казна доколку го одбие барањето.


Трамп му се закани на Авганистан со неодредена одмазда, само неколку дена откако за време на неговата посета на Обединетото Кралство, ја покрена идејата Американците да ја вратат контролата врз Баграм.

– Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, а тоа се САД, ЛОШИ РАБОТИ ЌЕ СЕ СЛУЧАТ!“, објави американскиот претседател на својата платформа Truth Social.

Баграм беше најголемата воздухопловна база на Американците во Авганистан и центар од каде се водеа воените активности на Западот и САД против Талибанците сè до нивното враќање на власт во 2021 година.

Можете да прочитате

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк

Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина