Министерот за надворешни работи на талибанската влада на Авганистан, Амир Кан Мутаки денеска и се заблагодари на јапонската влада што им пружила помош од над 100 милиони долари.
По тој повод зборуваше портпаролот на талибанците Абдул Кахар Балки.
„ На средбата со јапонскиот амбасадор во Кабул, министерот за надворешни работи Мутаки и се заблагодари на Јапонија за помошта од 106 милиони долари и нејзиниот позитивен дипломатски ангажман, нарекувајќи го патоказ за меѓународната заедница“, рече Балки на социјалните мрежи, пренесува Интерфакс.
За возврат, амбасадорот Окада Такеши рече дека Јапонија „најверојатно ќе ги преземе своите должности како членка на Советот за безбедност на ОН следната година и ќе се обиде да одигра позитивна улога во ова тело на ОН во однос на Авганистан“.
Мутаки ги пофали напорите на Јапонија и повика на конструктивно известување за достигнувањата на талибанците во „спречувањето на одгледувањето опиум, намалувањето на административната корупција, обезбедувањето безбедност и други прашања“. Во октомври, јапонската амбасада продолжи со работа во Кабул.