Утрински Весник
Македонија

Талески: СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција

Mile taleski sdsm 2.jpg

Прес конференција на СДСМ, Миле Талески – пратеник

СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој денеска е во второ читање во Собранието, а е предложен од Панче Тошковски.


Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да не гласаат. Затоа што и тие ќе бидат следни на удар на системот што сега слепо го поддржуваат.

Како што никој не беше поштеден во времето на Груевски, така и сега Тошковски подготвува режим во кој секој што нема да слуша ќе биде уценет, притиснат, замолчен.

Ги повикуваме Хелсиншкиот комитет, Канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ, невладините организации, странските амбасади, сите демократски држави и целата демократска јавност итно да реагираат на овие опасни и режимски политики.

СДСМ алармира: ова е безбедносна, демократска и институционална криза во најава!

Овој предлог-закон не е ништо друго освен брутален обид за партизирање на полицијата и претворање на Министерството за внатрешни работи во партиска милиција под команда на Тошковски.

Директен напад врз безбедносниот систем, врз институциите, врз граѓаните.

Се руши професионалноста, се укинуваат критериумите за образование и искуство, се отвора вратата за вдомување на партиски војници.

Се урива системот на кариерно напредување, се бришат податоци, се амнестираат осудени и сомнителни кадри. Ова не е реформа, ова е реставрација на груевизмот преку Панче Тошковски.

Класичен режимски план за создавање на параполициски апарат, алатка за притисок, закани и политички прогон.

План за враќање на времето на „МВРО” и апсолутна партиска контрола, кога полицијата беше во функција на партијата, а не на граѓаните.

Тошковски свесно ја уништува полицијата, во време кога државата се соочува со сериозни безбедносни предизвици.

Укинувањето на регионалните гранични центри е директен ризик за границите. Бришењето на полициски податоци е обид за прикривање злоупотреби и криминал. 

Зголемувањето на старосната граница за вработување е механизам за вдомување партиски кадри.

Полицијата мора да остане професионална, непартизирана и во служба на граѓаните.

Секој чекор спротивен на тоа е удар врз демократијата, безбедноста и иднина на државата.

Можете да прочитате

Уставниот судија Осман Кадриу смета дека кандидатите за Стразбур ги исполнуваат условите

МВР: Не е точно дека полицаец нема да биде избркан од работа ако е осуден

Обвинител без доверба е ризик за државата