Утрински Весник
Скопје

Таксистите во Скопје бараат поскапување на такси-услугите

Image 218704.jpg

Таксистите во Скопје бараат зголемување на цените на такси-услугите. Според нив, стартот треба да изнесува 60 денари, а за секој изминат километар треба да се наплаќа по 35 денари. За чекање во место тарифата, според нив, треба да изнесува 480 денари за час.

Тие истакнуваат дека сегашниот ценовник не се менувал 11 години, што веќе не е одржливо поради зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата. Додаваат и дека покачувањето е неопходно за да можат да го покријат растечкото оптоварување и да продолжат да работат во услови на инфлација.

Доколку предложените промени бидат прифатени, цените на такси-услугите во Скопје ќе пораснат за околу 20%

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост