Утрински Весник
Македонија

Таксист наместо 200 денаро наплатил 1.700 денари за возење од „Ист гејт“ до Железничка

Taxi Taksi 1 830x0 1.jpg
Dik 300x250 mk

Скопски таксист „ограбил“ брачен пар од Австралија, откако во саботата наплатил 1.700 денари за возење од „Ист гејт“ до Железничка станица.

„Во саботата во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на возачот му платиле 200 денари за еден километар. Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото“, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче

Жалбите отфрлени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати