Утрински Весник
Македонија

Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми

Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми

Мендух Тачи, лидер на ДПА, пред лидерската средба во Собранието посочи дека како партија нема да блокираат уставни измени, ако не се промени делот од Уставот каде бараат да биде избришана и формулацијата „20 проценти“ за да биде заменета со албански народ, албански јазик.

dobivaj vesti na viber

„Многу е лошо кога книгата која вие ја пишувате, ќе ја предава друг универзитет. Тоа е крадење на платформа. Време е да се разговара јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава. Не е моментот за уцени и давање на оружје во рака на интеграцискиот процес. Јас разговарав со Ахмети за оваа тема и ќе продолжиме да разговараме. Ние немаме никаков услов“, кажа Тачи.

Тој додаде: „Мислам дека се работи за Уставни промени, за деблокирање на процесот на интеграција на Македонија. Ова е важна тема. Добра иницијатива и конструктивна. Се надевам со дијалог ќе постигнеме договор. Немаме друг начин за да го деблокираме интеграцискиот процес“.

Можете да прочитате

По шест дена штрајк со глад: Сопругот на исчезнатата Злата итно хоспитализиран 

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок

„Ај медија“: Нема соработка со СДСМ ниту со Зоран Башановиќ