Утрински Весник
Свет

Тајван доби нов претседател: победи кандидатот кој ѝ пркоси на Кина и нејзините територијални претензии

Screenshot 2024 01 13 134915

Нов претседател на Тајван е Лаи Чинг-те од владејачката ДПП, партија е познат по тоа што се залага за одделен идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина.

Кандидатот на главната тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ), Хоу Ју-их, го призна поразот на изборите.

Демократската прогресивна партија на Лаи, која се залага за одделен идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, побара трет мандат, без преседан во актуелниот тајвански изборен систем, пренесува Ројтерс.

Лаи се соочи со двајца противници за претседателската функција – Хоу од КМТ и поранешниот градоначалник на Тајпеј Ко Вен од малата Народна партија на Тајван, основана само во 2019 година.

Зборувајќи со новинарите во јужниот град Таинан пред гласањето, Лаи ги охрабри луѓето да гласаат.

„Секој глас е ценет, бидејќи ова е тешко стекната демократија на Тајван“, рече тој во краткото обраќање.

Во пресрет на изборите, Кина постојано го обвинуваше Лаи дека е опасен сепаратист и упорно ги одбиваше неговите повторени покани за разговори.

За време на кампањата Лаи нагласи дека е „посветен на зачувување на мирот низ Тајванскиот теснец и зајакнување на одбраната на островот“.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд