Утрински Весник
Свет

Тајланд и Камбоџа почнаа воружен судир на границата – има загинати цивили

Screenshot 2025 07 24 074618.jpg

Најмалку двајца цивили загинаа откако избија судири на границата на Тајланд и Камбоџа. Тајландски воен авион бомбардираше цели во Камбоџа, кажаа двете страни, откако ескалираа повеќенеделните тензии поради граничен спор.

Тајландската војска соопшти дека испратила шест борбени авиони „Ф-7“ долж спорната граница, од кои еден гаѓал и уништил воена мета во Камбоџа. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за почетокот на судирите.


„Употребивме воздушна моќ против воени мети како што планиравме“, изјави портпаролот на тајландската војска Рича Суксуванон, додавјќи дека Тајланд ја затворил својата граница со Камбоџа.

Министерството за одбрана на Камбоџа кажа дека воени авиони фрлиле две бомби на пат и остро ја осуди „неодговорната и брутална воена агресија на Кралството Тајланд против суверенитетот и територијалниот интегритет на Камбоџа“.

Престрелките почнаа откако Тајланд го отповика својот амбасадор во Камбоџа вчера и изјави дека ќе го протера амбасадорот на Камбоџа во Бангкок откако втор тајландски војник за една недела загуби екстремитет од мина, за која Тајланд тврди дека неодамна била поставена во спорната област.

Повеќе од еден век, Тајланд и Камбоџа го оспоруваат суверенитетот на разни необележани точки долж нивната копнена граница од 817 километри, што доведе до престрелки во повеќе наврати. Тензиите повторно се разгореа во мај по убиството на камбоџански војник при кратка размена на оган, што доведе до голема дипломатска криза.

Можете да прочитате

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари

Италијанските центри за мигранти во Албанија се скапи и неефикасни