Утрински Весник
Македонија

Tуристичките агенции најавија протест: „Ако државата не ни помогне, ќе мораме да ставиме катанци“

Tуристичките агенции најавија протест: „Ако државата не ни помогне, ќе мораме да ставиме катанци“

Туристичките агенции најавија протест кој ќе се одржи во текот на утрешниот ден, поради, како што велат молкот на институциите по нивните барања за спас на секторот.

Протестот ќе се одржи утре со почеток во 16 часот.

„Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со КОВИД-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат истите разгледани“, велат организаторите од туристичкиот сектор.

Додаваат дека на протестот се пријавени повеќе од 700 учесници кои ќе се движат по одредена рута и автобуси кои ќе ги пратат. Почетокот на протестот ќе биде симболично пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на нивните тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата.

Планирано е повторно обраќање на дел од учесниците, со цел повторно да се напомене дека пет месеци немаат никакви примања, ниту можност за одржување на функционалноста на нивните сектори.

„Доколку државата не ни даде помош ќе бидеме приморани веќе во наредните денови да ставиме катанци на нашите врати. Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност. Бидејќи истиот се одржува во време на пандемија, уверуваме дека ќе се придржуваме до мерките за заштита како носење на маски и дистанцирање“, велат од туристичкиот сектор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор