Утрински Весник
Македонија

Tезгите за прехранбени и земјоделски производи од ТЦ „Глобал“ префлени на отворениот пазар

Tезгите за прехранбени и земјоделски производи од ТЦ „Глобал“ префлени на отворениот пазар

Струмица, 16 март 2020 (МИА) – Сите штандови за продажба на прехранбени и земјоделски производи од пазарот на мало во ГТЦ „Глобал“ се префрлени на отворениот пазар „Чешел“, информираат од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.

ГТЦ „Глобал“ е затворен по препораките на Владата, а на пазарот на отворено граѓаните ќе можат да се снабдат со потребните производи.

Од „Комуналец“ апелираат до сите граѓани да се однесуват одговорно, да излегуват од дома само по потреба, да се одржува лична хигиена, да избегнуват правење метеж со што ќе дадат придонес во превенцијата од ширење на коронавирусот. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битолчанец ја нападнал својата вереница

СДСМ: Портпаролката на Владата потврди дека Мицкоски управува со судовите

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, велат од ВМРО-ДПМНЕ