Утрински Весник
Свет

СЗО: Резервите вакцина против колерата речиси празни

СЗО: Резервите вакцина против колерата речиси празни

Официјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека глобалните резерви на вакцината против колерата „моментно се празни или екстремно ниски“ во услови на заживување на болеста во светот.

dobivaj vesti na viber

Здравствената агенција на Обединетите нации извести дека колерата се појавила во 30 земји во светот, што е за една третина повеќе од претходно.

„Немаме повеќе вакцини. Повеќе земји постојано ги бараат и тоа е предизвик“, рече Филип Барбоза, одговорен за борба против колерата во СЗО.

„Сите произведени вакцини веќе се дистрибуирани“, додаде тој.

Барбоза мислеше на итни резерви, кои се задолжени за Меѓународната координативна група за набавка на вакцини управувана од СЗО со партнерите.

Обично има речиси 36 милиони дози вакцина годишно. Годинешниот недостиг ја принуди СЗО привремено да ја суспендира стандардната стратегија за вакцинација со две дози во октомври. Барбоза рече дека кризата е предизвикана и од одлуката на индискиот производител да го запре производството.

Колерата се појави во многу сиромашни земји во кои продолжуваат конфликтите, како Хаити и Јемен, но и во земји како Либан, кој до неодамна беше земја со среден приход.

Можете да прочитате

Нојман: Употребата на дронови во војната во Украина „не е пример“ за воздушните способности на НАТО

Институт за проучување на војна: Русија, Кина и Северна Кореја не му помогнаа на Иран во војната со Израел

Фидан: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист