Утрински Весник
Свет

СЗО предупредува на епидемија на морбили во Европа

Img 8212
Dik 300x250 mk

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година во Европа се регистрирани 30 пати повеќе случаи на морбили отколку во 2022 година и соопшти дека се потребни итни мерки за да се спречи натамошното ширење на болеста.

Во соопштението се наведува дека минатата година во Европа се потврдени повеќе од 30.000 случаи, наспроти 941 во 2022 година, а причината е помалиот број вакцинирани деца за време на пандемијата на Ковид.

Во Европа видовме не само триесеткратно зголемување на бројот на заболени од мали сипаници, туку и речиси 21.000 хоспитализирани и пет смртни случаи, што е многу загрижувачко, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Светската здравствена организација побара од сите земји во Европа брзо да реагираат на ширењето на мали сипаници и да обезбедат што е можно повеќе деца да ја примат вакцината.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим