Утрински Весник
Свет

СЗО: Пандемијата создаде глобална криза за менталното здравје

СЗО: Пандемијата создаде глобална криза за менталното здравје

Пандемијата на Ковид-19 создаде глобална криза за менталното здравје, поттикнувајќи стрес и поткопувајќи го менталното здравје на милиони луѓе, предупреди Светската здравствена организација пред Светскиот ден на менталното здравје на 10 октомври.

dobivaj vesti na viber

Дури и пред пандемијата во 2019 година, се проценува дека еден од осум луѓе во светот живеел со ментално растројство, а ковидот дополнително доведе во прашање многу аспекти на менталното здравје, предупредува СЗО и повикува менталното здравје и благосостојба да станат глобален приоритет.

Проценките покажуваат зголемување на анксиозноста и депресивните растројства за повеќе од 25 проценти во текот на првата година од пандемијата. Во исто време, услугите за ментално здравје се сериозно нарушени, а нееднаквоста во третманот на менталните нарушувања меѓу богатите и сиромашните дополнително се прошири.

Услугите, вештините и финансиските ресурси достапни за менталното здравје во многу земји се сè уште недоволни, посочува СЗО и повикува на зајакнување на грижата за да се задоволи целиот спектар на потреби за ментално здравје преку мрежа на достапни и квалитетни услуги и поддршка во заедницата.

Првите знаци на нарушувања и проблеми со менталното здравје најчесто се појавуваат уште во детството и адолесценцијата, а доколку не го добијат потребното внимание и третман, можат да имаат значително влијание врз остатокот од нивниот живот. Истражувањата покажуваат дека здравствената писменост на возрасните е важна за заштита на менталното здравје на децата и младите бидејќи тоа значи рано препознавање, соодветно дејствување и дестигматизација.

Според проценките на СЗО, околу една милијарда луѓе имаат ментално растројство и секој, секаде може да биде засегнат. Депресијата е водечка причина за инвалидитет ширум светот и е главен придонесувач за севкупниот глобален товар на болести.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани