Утрински Весник
Свет

СЗО: Од тутун и преработена храна околу 2,7 милиони луѓе годишно умираат во Европа

D181d0b7d0be D0bad0b8d0bdd0b0 D0bfd180d0b8d198d0b0d0b2d0b8 D0b3d0bed0bbd0b5d0bc D181d0bad0bed0ba D0bdd0b0 D185d0bed181d0bfd0b8d182d0b0 63ca6d23e8c93.jpeg

Околу 2,7 милиони луѓе во Европа годишно умираат од тутун, алкохол, преработена храна и фосилни горива, се вели во извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО денеска ги повика владите да воведат построга регулатива за производите штетни за здравјето.

Како што пишува „Гардијан“, во споменатиот извештај СЗО навела дека индустријата за тутун, алкохол и преработена храна поттикнуваат лошо здравје, па дури и прерана смрт, користејќи маркетинг.

Тие додаваат дека на овој начин индустриите се мешаат во напорите на светските влади да спречат болести кои можат да бидат фатални како рак, срцеви заболувања и дијабетес.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс-Анри Клуге рече дека тактиките на индустриите вклучуваат искористување на ранливите луѓе преку насочени маркетинг стратегии, заведување на потрошувачите и лажни тврдења за придобивките од нивните производи или нивните еколошки акредитиви.

Новиот извештај покажува дека тутунот, фосилните горива и алкохолот се одговорни за повеќе од 7.400 смртни случаи што се случуваат секој ден во 53 европски земји.

„И покрај здравствените ризици, само мал дел од европските земји го забранија пушењето на јавни места, додека напорите да се направат штетните производи помалку привлечни преку обична амбалажа, оданочување на алкохол и означување на храната исто така не се спроведени во повеќето земји“, се наведува во извештајот на СЗО. 

Можете да прочитате

Израел ги укинува визите за Косоварите, денеска се потпишува договорот

Тајланд донесе историски закон за хомосексуални бракови

Унгарија ја поддржа кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО