Утрински Весник
Свет

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Szo.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во најновиот извештај на Светска здравствена организација се наведува дека Европа има највисоко ниво на консумирање алкохол во светот, што сериозно придонесува за предвремена смртност и зголемен број повреди. Според податоците на СЗО, последиците од консумирањето алкохол се причина за околу 800.000 смртни случаи секоја година во рамки на Европската унија.

Од организацијата нагласуваат дека алкохолот претставува еден од клучните ризик-фактори за низа здравствени и општествени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, заболувања на црниот дроб, различни форми на карцином, како и ментални нарушувања. Истовремено, високата консумација е директно поврзана и со зголемена стапка на несреќи, повреди и насилство.

Во пресрет на божиќните и новогодишните празници, СЗО упати дополнително предупредување за ризиците од зголемено консумирање алкохол во овој период. Според нивните анализи, алкохолот стои зад секој трет смртен случај поврзан со повреди или насилство, вклучувајќи сообраќајни несреќи, падови, труења и семејно насилство.

Од организацијата апелираат до владите и институциите да ги зајакнат превентивните политики, а до граѓаните – да покажат поголема одговорност и умереност, особено во периоди кога социјалните и културните навики поттикнуваат прекумерна употреба на алкохол.

Можете да прочитате

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати

ДЕТАЛИ ОД РАЗГОВОРОТ ТРАМП – ПУТИН: И двајцата против предлогот на ЕУ