Утрински Весник
Свет

СЗО: Можеме да го елиминираме ширењето на мајмунските сипаници во Европа

СЗО: Можеме да го елиминираме ширењето на мајмунските сипаници во Европа

Епидемијата на мајмунски сипаници во Европа може да се елиминира, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација (СЗО), со докази дека бројот на нови случаи се намалува во неколку земји.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на скудното снабдување со вакцини и времето потребно за вакцините да се администрираат и да почнат да работат, факторите како раното откривање, порано самоизолирање и одговорното однесување на заразените се чини дека играат важна улога, рече Кетрин Смолвуд, одговорна за итни случаи во СЗО/Европа, пренесува Ројтерс.

– Веруваме дека можеме да го елиминираме континуираното ширење на мајмунска сипаница од човек на човек на тлото на Европа – изјави регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.

Можете да прочитате

Европската комисија одобри две вакцини против птичји грип

Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во Кран-Монтана

Ирански демонстрант осуден на смрт само неколку дена по апсењето