Утрински Весник
Скопје

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Foto 6.jpg

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во периодот од 18.00 до 02.00 часот  полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата. При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

Можете да прочитате

Драчево доби свое кино – 24info.mk

Дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Постигнат е договор – булеварот „Борис Трајковски“ се довршува