Утрински Весник
Македонија

СВР Охрид уапси двајца возачи и одзеде две возила

Liseni od sloboda dvajca vozaci vo veles i kavadarci upravuvale vozila so brzina pogolema od dozvolenata i pod dejstvo na alkoxol image.jpg

На 09.03.2026 во 19:50 часот во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишија од слобода Н.Д.(28) од истото село. При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит за Б категорија и дека го управувал возилото и со 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.03.2026 во 12:02 часот на магистралниот пат Дебар-Струга, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Дебар го лишија од слобода Н.А.(39) од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „Ивеко” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека го управувал со изречена мерка „Забрана за управување со товарно возило”.  По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Уапсен наставник во Скопје, вознемирувал ученичка

Ненад Савески е предлогот на Владата за нов државен обвинител

Собранието ја утврди потребата од носење на Законот за јавно обвинителство