Утрински Весник
Македонија

СВР Битола со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Svr bitola.webp.webp

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или во која истите биле тешко повредени па треба да се даде одредена сума на пари за да се изврши операција. За да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.


СВР Битола ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно, апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Можете да прочитате

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во среда ,,Љубовта никогаш не говори со еден глас” во Филхармонија

Кузеска: Владата на Мицкоски тајно договара прифаќање мигранти од Велика Британија Текст: