Утрински Весник
Македонија

Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени

1208d216 62d8 407c A017 7152f41757f6.jpeg

Времето утрово ќе биде свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје утрото студено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со студени утра во кои температури наместа ќе се спуштаат до некој степен под нула степени.

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор