Утрински Весник
Македонија

Светски ден на дијабетесот под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“

20251116154419 big 730x400 41.webp.webp

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија,  во чест на одбележување на 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот денеска во Скопје организира настан под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“ .

-Согласно нашата мисија како мрежна организација на локалните здруженија на лицата со дијабетес, која се застапува за здравствени политики усогласени со ЕУ стандардите и користење на најнови иновативни технолошки достигнувања и терапија за третман на лицата со дијабетес, како и создавање на поттикнувачка дијабетес култура, одбележувањето одлучивме ова одбележување го организираме под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“, велат организаторите.


Од овој концепт очекувааат да се дефинираат активности кои ќе иницираат соработка со јавните здравствени институции на партнерско ниво, соработка со националните здравствени власти.

-На овој настан ТРКАЛЕЗНА МАСА со наслов „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење “. На истата свои воведни обраќања ќе имаат проф. д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Научно здружение на ендокринолози, дијабетолози на Македонија, доц. Д-р Ирфан Ахмети, дитректор на Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, Скопје и претседател на Националана комисија за дијебетес, д-р. Сци Олга Лозановска – дијабетелог и пратеник во Собранието на РМ и г-дин Азир Алиу Министер за здравство (ТБП), а поканети за актвно учество се: научните и професионални здруженија на интернисти, кардиолози, нефролози и офталомози, општи и семејни лекари и здружение на приватни лекари, како и јавните институции, образовните установи и приватниот сектор како и здруженијата на лица со дијебетес, информираат организаторите на настанот.

Можете да прочитате

Мојсоска: Власта веќе нема изговори – надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има

ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија

10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември, лишени од слобода 55 лицa