Утрински Весник
Македонија

Светски ден на бубрегот, хроничната бубрежна болест тивка пандемија на 21 век

20250311185505 Big 730x400 67.webp.webp

По повод Светскиот ден на бубрегот, што се одбележува вториот четврток од март, Здружението на бубрежно болни граѓани – „Нефрон“ организира настан „Дали вашите бубрези се здрави? Откриј навремено и заштити го здравјето на бубрезите!“.

Хроничната бубрежна болест, како што посочуваат од „Нефрон“ е тивка пандемија на 21. век за што се предвидува дека до 2040 година ќе стане петта водечка причина за предвремена смрт кај населението. Еден од 10 возрасни лица имаат некоја форма на бубрежно оштетување, а скоро 90 отсто од луѓето кои се соочуваат со хронична бубрежна болест, го игнорираат нејзиното постоење.


– Здружението „Нефрон“ се придружи кон светската кампања „World kidney day“ во 2007 година и оттогаш кампањата постојано расте. Во настаните што се одвиваат во текот на месец март преовладуваат едукативни активности за превенција и рано откривање на болеста, осoбено кај ризичните групи од населениетo, едукација на младите и децата, бесплатни прегледи и здравствени совети, како и поддршка на пациенти на дијализа и со трансплантиран бубрег во справување со лекувањето на болеста, наведуваат од „Нефрон“.

Најавени се обраќања на претседателот на „Нефрон“ Душко Ѓоргиев“, министерот за здравство Арбен Таравари, директорите на Фондот за здравствено осигурување – Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, претседателката на Лекарската комора, Калина Гричева Старделова и на националниот координатор за трансплантација Билјана Кузмановска. 

Можете да прочитате

СДСМ; Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Манев за Палчо: Ни ветуваше 150 илјади евра, но потоа рече нема да бидат толку

Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот