Утрински Весник
Спорт

Светот тагува, Богот на фудбалот отиде кај ангелите

Светот тагува, Богот на фудбалот отиде кај ангелите

Светот на фудбалот остана без најголемиот на сите времиња. Пеле остави огромен белег во фудбалот во 1960-тите и 1970-тите години со Сантос и со бразилската репрезентација. Учесник е на четири светски првенства, освојувајќи три титули со Селесао – во 1958, 1962 и во 1970 година.

dobivaj vesti na viber

Во 2000 година, ФИФА го прогласи за фудбалер број 1 на 20. век, а една година претходно Меѓународниот Олимписки Комитет го избра за спортист број 1 на векот.

Пеле има над 1000 гола за Сантос и 77 за репрезентацијата на Бразил. Кариерата ја заврши во САД, каде играше три години за Њујорк Космос и на тој начин помогна да се популаризира фудбалот во овој дел од светот.

По завршувањето на фудбалската кариера, Пеле мина време и во политиката, во периодот од 1 јануари 1995 година до 30 април 1998 година. Тој е првиот министер за спорт на Бразил.

Едсон Арантес до Насименто, како што е неговото полно име, имаше сериозни здравствени проблеми во последните две години. Во 2021 година му беше отстранет тумор на дебелото црево и беше подложен на хемотерапија.

Во последните месеци стана јасно дека таа не го дава посакуваниот резултат, а Пеле беше ставен на палијативно лекување во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Легендарниот фудбалер празниците ги помина во болница, каде се прости од своите најблиски, очекувајќи го неизбежниот крај, кој се случи денеска.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари