Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, денеска изјави дека Приштина чека реакција на КФОР и отстранување на барикадите на северот на Косово и Метохија, кои ги поставија Србите. Во спротивно тие ќе да бидат отстранети од косовската полиција.
„Заради поголема стабилност, чекаме да го направат тие што ги поставија барикадите или КФОР, но чекањето заврши“, рече Свечља на прес-конференција во Косовска Митровица, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека косовската полиција ги има сите потребни капацитети да ги отстрани барикадите.
Рече и дека барикадите ја изгубиле својата намена и дека, како што вели, Србија ги користи за да ги блокира таканаречените правни дејствија.
Свечља рече дека поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред неколку дена, сè уште е во полициската станица кај Јариње, дека неговата состојба е добра и дека се лекува соодветно.
Како што истакна, приоритет на приштинските власти е трансферот на Пантиќ во соодветен притвор, а за тоа, како што рече, побарале помош од меѓународните партнери.
Кога станува збор за барањето за ослободување на Пантиќ, Свечља рече дека тоа е неприфатливо за Приштина.