Утрински Весник
Македонија

Сузбиена организирана криминална група за трговија со дрога

Mvr Vrabotuva 50 Diplomci 165439.jpg

На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.

Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.


При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.

Можете да прочитате

(Видео) Вечерва нова епизода поткаст ЗРАК со д-р Марина

Костова: Време е да им се даде шанса на искрените соборци кои ѝ мислат добро на партијата и на земјата

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: На планините и скијачките центри е потопло, по котлините многу поладно и магливо!