Утрински Весник
Скопје

СУТКОЗ: Платите во „Комунална“ доцнат, а вработените работат со камионите што им се на располагање

Komunalna Gubre.jpg

Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ вчера одржал состанок на кој се разговарало на состојбите во претпријатието на кој, иако бил поканет и директорот на претпријатието, тој не присуствувал.

Како што информираат од СУТКОЗ на вработените во „Комунална“ неколку месеци платата им се исплатува со задоцнување иако на сметката на претпријатието, редовно од наплатата на сметките од граѓаните се префрлаат парични средства.


И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни делови и не се во возна состојба. За таквата ситуација вината не е кај вработените во претпријатието, кои вложуваат максимални напори да се собере сметот, туку кај раководството на претпријатието, велат од Синдикатот.

Оттаму посочуваат дека вработените во претпријатието и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки против раководството на претпријатието кои им стојат на располагање, согласно Законите и Колективните договори, кривични пријави и пријави до Државниот инспекторат за труд, притоа водејќи сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен во претпријатието, како и здравјето на граѓаните на град Скопје.

Вчера пак од ЈП „Комунална хигиена“ информираа дека платите се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување, но дека и покрај тоа, поради петдневно доцнење на платата, се прават обиди за организирање протести.

Можете да прочитате

Скопје ќе се кити со 53.000 евра

Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто

82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари со лажна приказна за сообраќајкa