Утрински Весник
Магазин

Сушењето алишта на радијатор може тивко да ви ги уништи белите дробови: Стручњаците со драматично предупредување

Susenje odece na radijatoru u sobi 1417682558 52028.jpg

Стручњаците предупредуваат дека сушењето алишта на радијатор во ладните денови сериозно го зголемува ризикот од појава опасна мувла во домот. Кога сме приморани да сушиме внатре, изборот се сведува на две лоши опции – да ризикуваме влага или да ја вклучиме сушилницата и да добиеме повисоки сметки за струја.

Медицинските експерти, пренесува „Mirror“, велат дека топлината и влагата создаваат идеални услови за развој на мувла, а британскиот Национален центар за аспергилоза во Манчестер предупредува дека ваквото сушење може да ја зголеми влагата во домот и до 30 проценти.

Оваа средина особено ѝ годи на габата Aspergillus fumigatus, која може да предизвика потенцијално опасни инфекции на белите дробови.

Според професорот по инфективни болести и медицинска микологија Дејвид Денинг, дури 87 проценти од луѓето во зима сушат алишта во затворен простор, а една тура испрани алишта содржи речиси две литри вода кои испаруваат во просторијата.

Тој додава дека повеќето луѓе се имуни или доволно отпорни за да не развијат проблем, но кај лицата со астма ова може да предизвика засилена кашлица, а кај оние со ослабен имунитет – вклучително пациенти на хемотерапија – може да доведе до сериозни здравствени компликации.

Неговиот совет е едноставен и јасен: сушете ги влажните алишта на отворено, во сушилница или во добро проветрен простор, подалеку од спални и дневни соби. Аспергилозата, габична инфекција која најчесто ги напаѓа дишните патишта, може да се прошири и на други делови од телото – уште една причина да се избегнува сушење на алишта врз радијатори.

Можете да прочитате

Бизарно и вознемирувачко: Апликација што “ги оживува” починатите предизвика бројни критики (ВИДЕО)

„Ја сакам Македонија“ – Аца Лукас објави снимка од настап (ВИДЕО)

ChatGPT воведува нова корисна опција – ќе може да ја користите целосно бесплатно!