Утрински Весник
Свет

Сурфер брутално го нападнала ајкула на Флорида гризејќи му ја ногата

Сурфер брутално го нападнала ајкула на Флорида гризејќи му ја ногата

Брендон Бонкор, 22-годишен сурфер, бил каснат од голема бела ајкула на популарна плажа на Флорида.

dobivaj vesti na viber

Како што вели, ова не било првпат да се сретне со овој морски предатор, но секогаш успевал да му побегне.

„Тоа е нешто нормално тука бидејќи оваа плажа е позната како ‘главниот град на светот за напад на ајкула’“, ја почна својата приказна Брендон.

Тој вели дека додека веслал кон брегот – ајкула го каснала за стапалото.

„Таа ме гризна за стапалото, а јас ја клоцав со десната нога. „Веднаш погледнав во ногата и си помислив: „О, фала богу, палецот е таму“, вели Брендон.

Иако успеал да побегне, морал да оди на операција бидејќи ајкулата му направила огромна рана.

Кога станува збор за болката од каснување од ајкула, Брендон вели дека очекувал тоа да биде поболно искуство.

Можете да прочитате

Историски ден за Англиканската црква: Сара Малали интронизирана за надбискуп на Кантербери

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае