Утрински Весник
Македонија

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Image 2025 07 15 151233234.png

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.

Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата SupportKocani.


Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација.

Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.

Во рамки на посетата, тимот на SupportKocani ги посети и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изрази поддршка и желби за побрзо закрепнување.

„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ – истакнуваат од SupportKocani.

Иницијативата останува посветена на транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица.

Можете да прочитате

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство