Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Супер дерби и во Лига Европа, Барселона-Манчестер јунајтед

Супер дерби и во Лига Европа, Барселона-Манчестер јунајтед
300x250 opst2

Великаните на европскиот фудбал, Барселона и Манчестер јунајтед ќе играат во плеј-офот во Лига Европа. Јунајтед, имаа полоша гол-разлика од Реал Сосиедад и поради тоа се најдоа во оваа фаза, додека Барселона не успеа да ја мине групата во Лигата на шампионите.

dobivaj vesti na viber

Во плеј-офот (1/16 финале) се најдоа осум екипи кои ги освоија вторите места во своите групи и третопласираните тимови од Лигата на шампионите.

Осумте победници на групите во Лига Европа изборија пласман во осминафиналето, тие своите противници ќе ги добијат на ждрепката на 24 февруари.

Плеј-оф двојки:

Барселона-Манчестер јунајтед
Јувентус-Нант
Спортинг Лисабон-Митјиланд
Шахтјор-Рен
Ајакс-Унион Берлин
Баер Леверкузен-Монако
Севилја-ПСВ Ајндховен
Салцбург-Рома

Првите натпревари на програмата се на 16 февруари наредната година, реваншите се седум дена подоцна.

Финалето ќе се одигра на 31  мај 2023 година во Будимпешта.

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг