Британскиот премиер Риши Сунак му рекол на Володимир Зеленски дека може да смета на долгорочна британска поддршка по неодамнешните напади со беспилотни летала, соопшти денеска Кабинетот на британскиот премиер.
Лидерите разговараа за, како што се вели, ужасните напади со беспилотни летала врз Украина во последните денови, објави Ројтерс.
Британскиот премиер изјави дека Украина може да смета на долгорочната поддршка од Велика Британија, што е докажано со неодамнешната испорака на повеќе од 1.000 противвоздушни ракети.