Утрински Весник
Свет

Сунак денес ќе стане британски премиер

Сунак денес ќе стане британски премиер

Риши Сунак денес официјално ќе стане нов британски премиер, објави во понеделникот Даунинг стрит.

dobivaj vesti na viber

Лиз Трус, која поднесе оставка во четвртокот по 44 дена на функцијата, ќе зборува пред Даунинг стрит 10 околу 11:15 часот по средноевропско време пред да се упати кон Бакингемската палата, каде што ќе биде примена од кралот Чарлс III. Тогаш кралот ќе го прими Сунак и ќе побара од него да формира влада. Сунак околу 12:35 часот ќе одржи говор пред седиштето на Владата.

Вчера беше објавено дека Сунак ќе стане нов британски премиер, откако другите кандидати се повлекоа од трката за лидерство на Конзервативната партија, оставајќи му задача да ја води длабоко поделената земја во економска криза.

Сунак (42), поранешен министер за финансии, ќе стане третиот британски премиер за помалку од два месеци, со задача да ја врати стабилноста на земјата, која со години ја тресат политички и економски превирања. Мултимилионерот, поранешен претседател на инвестицискиот фонд и аналитичар на Голдман Сакс ќе биде првиот британски премиер со индиско потекло.

Можете да прочитате

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите

Запалено американското знаме на протест во Цирих

Мерц нема да биде дел од церемонијата на Комитетот за мир во Давос