Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет ќе формира комисија за утврдување на бројот на предмети што треба да ги реши судијата месечно

Sudski Sovet 1.jpg

Судскиот совет денеска треба да донесе одлука за формирање на Комисија за утврдување на ориентациониот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, во апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и во Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2025 година. 

На дневниот ред од денешната седница закажана за во 10:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна е и разгледување на извештајот за спроведена работна посета на Основен кривичен суд Скопје и Апелационен суд Скопје.


Советот денеска треба да ги усвои записниците од 504 и 513 седница и да донесе одлуки за престанок и избор на судии поротници.

Разгледување на извештајот за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседател на Врховен суд на РСМ, Основен суд  Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Охрид и Основен суд Радовиш е исто така, на дневниот ред.

Расправата по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија е предвидена на крајот од седницата, исто како и точката разно.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот