Утрински Весник
Македонија

Судски совет: Притисокот од функционерите е дирекна закана за владеење на правото

Sudski Sovet 1.jpg

Судскиот совет на Република Северна Македонија изминатиот период внимателно ги следи случувањата во врска со изјавите на носителите на највисоките функции на државната власт и изразува загриженост бидејќи истите се одразуваат на интегритетот на членовите на Судскиот совет и на судиите и директно влијаат врз перцепцијата и довербата на граѓаните за работата на Судскиот совет и судството, реагираат денеска од Советот.

-Секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите претставува дирекна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото.


Во секоја правна држава, независноста на судската власт е еден од основните столбови за гарантирање на законитоста, правдата и заштита на правата и слободите на граѓаните.

Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот, велат од Судскиот совет.

Можете да прочитате

Со ограничување на маржите се доведува во прашање опстанокот на 80 трговци со 5.000 работници – предупредување од Стопанска комора на трговци на мало и на големо

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци – загинаа 16 лица

Отворен Иноваториум – Клуб за напредни знаења и вештини