Утрински Весник
Македонија

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети 

Screenshot 20250526 200114 messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Судски совет денеска попладне, на затворена седница, го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, објави телевизија Телма.

Беџети, заедно со ексвицепремиерот Артан Груби, на почетокот на декември 2024 година се најде на црната листа на САД поради вмешаност во значителна корупција, конретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.


Во ноември 2023 година, кога Судскиот совет решаваше за утврдување одговорност кај судијата Беџети поради тоа што повеќе од девет месеци во фиока го чуваше предметот за масовното незаконско прислушување „Таргет-Тврдина“, постапката заврши само со парична казна за него, а не и разрешување.

Можете да прочитате

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар

Паркингот како огледало на системот: Хроничен хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“