Утрински Весник
Македонија

Судски совет: Австрискиот амбасадор не е задоволен од постапувањето на Јавното обвинителство, проверуваме како постапувале судовите

(Видео) „Не заслужувам ваков пристап како човек“, претседателот на Судскиот совет се пожали оти е цел на критики за нетранспарентност

Судскиот совет формирал работни групи за увид во списите во предметот кои се воделе за австриската фирма, за која реагираше Австриската амбасада. Според членовите на овој совет, незадоволството од постапувањето на амбасадата е насочено кон Јавното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

„Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот, амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Од работната средба произлезе заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на кооординаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај, по што ќе продожи со преземање на конкретни дејствија за следењето на предметот, внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, велат од Судски совет.

Судскиот совет потсетува дека согласно Законот за судови, испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови, ја врши повисокиот суд.

Можете да прочитате

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј