Утрински Весник
Свет

Судот во Пакистан ја суспендираше затворската казна на Имран Кан и неговата сопруга

1174580 4734143 Expm Updates.webp.webp

Врховниот суд на Пакистан денеска ја суспендираше затворската казна на поранешниот пакистански премиер, Имран Кан, во случајот поврзан со нелегална продажба на државни подароци, објавија локалните медиуми.

Истовремено, судот ја суспендираше и казната на неговата сопруга Бушра.

Кан и неговата сопруга на почетокот на годината беа осудени на по 14 години затвор.

Пресудата уследи по истрагата на највисокото антикорупциско тело, Националното биро за одговорност (НАБ), и вклучуваше 10-годишна забрана за вршење јавна функција.

Поранешниот пакистански премиер и неговиот тим ги отфрлија обвиненијата, велејќи дека судењето е нефер.

Можете да прочитате

Во Кина погубен менаџер поради примање мито

Пукање на универзитет во САД: Едно лице убиено, едно тешко рането

13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор